Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, денеска изјави дека дискусијата за можноста Вашингтон да му дозволи на Киев да користи американски ракети за напад на руска територија, ја турка Украина да ги интензивира нападите врз цивилите, а САД го отвораат патот за почеток на трета светска војна со вакви дејствија.
„Американската администрација упорно ги игнорира интересите на Русија. Денес се повеќе се зборува за можноста за гранатирање на руска територија со оружје со долг дострел. Само неколку политичари ја споменуваат можноста за трета светска војна, кон која го трасираат патот локалните власти“, се вели во пораката на Антонов од руската дипломатска мисија во Соединетите Американски Држави.
Тој нагласи дека САД сè повеќе учествуваат во конфликтот во Украина, „прогресивно влечејќи се подлабоко и подлабоко во мочуриштето“ на овие непријателства.