Соединетите Американски Држави и нивните сојузници започнаа тотална хибридна војна против Русија на своја територија, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов.
Според него, САД истовремено ги привлекуваат партнерите од НАТО да ја „финансираат ренесансата на американскиот воено-индустриски комплекс“.
– Американската „одбрана“ не виде толку пари ниту во годините на Студената војна – додаде Антонов.
Покрај тоа, амбасадорот нагласи дека Русија постојано ги предупредува САД дека нивната политика го води светот кон катастрофално сценарио.
– Постојано го предупредуваме Вашингтон дека политиките што се следат за да бидеме поразени „на бојното поле“ брзо го водат светот кон катастрофално сценарио – изјави тој за новинарите.
Антонов, исто така, ги негираше тврдењата дека Русија наводно се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје, нарекувајќи ги „празни и неодговорни“.
– Никој во политичкото и военото раководство на Русија никогаш не се изјаснил на тој начин – додаде дипломатот.
Рускиот амбасадор претходно изјави дека Соединетите Американски Држави во односите со Русија се водат од постојаната желба да се наметнат во духот на Студената војна.
Антонов истакна дека Вашингтон се повеќе се вклучува во украинскиот конфликт, го губи инстинктот на самоодржување, а испораката на сè помоќно оружје за Киев зборува за расположението на САД за ескалација.