Анвески: Јанева го прекршила ЗРО и била некултурна кон разрешените обвинителки

од desk3
82 прегледи

Заврши денешната седница Советот на јавни обвинители . Тие разгледуваа два случаја- за судијата кој се жалеше дека бил малтретиран од обвинител од СЈО и за разрешените обвинителки.

mkd-224016

Советот одлучил дека ќе ја информира Jанева по писмен пат да преземе соодветни санкции против обвинителот, а за случајот со двете избркани обвинителки , Советот заклучил дека Јанева се однесувала многу некоректно и грубо и дека дури и полициско обезбедување било вклучено нивното отстранување од канцелариите.

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

“По обемната дискусија разгледувајќи ги изјавите дојдовме до заклучок дека Јанева во конкретниот случај го прекршила законот за работни односи и обвинителство така што без да спроведи постапка и без да се донесе решение ги отстранила од работните места на еден брутален начин. Биле исфрлени од нивната канцеларија, а за тоа на помош го повикала некој од судските полицајци кој интервенирал при иселувањето на двете обвинителки. Советот заклучи дека во писменото обраќање на Јанева дека тие сами побарале да заминат тоа не е точно, што е спротивно на она што го велат се двете обвинителки.”- посочи Аневски

Аневски додаде дека Советот ќе закаже уште една седница на која ќе се одлучува какви мерки ќе бидат преземени против Јанева, но секако нема да има санкции кон Катица Јанева бидејчи немаат таква надлежност.