АП: Испитувањата покажаа дека вакцината на АстраЗенека е безбедна

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Новите испитувања на потенцијална вакцина против коронавирус развиена од Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека покажаа дека вакцината е безбедна и е ефикасна околу 70 отсто.

Сепак, останува прашањето колку може да ги заштити лицата постари од 55 години, пренесува „Асошиејтед Прес“.

Според агенцијата, ова е клучно прашање кога станува збор за вакцина што може да ја користат здравствените власти ширум светот поради ниската цена, достапноста и леснотијата на користење.

Експертите, додава АП, велат дека сепак се чини дека вакцината ќе биде одобрена, и покрај конфузијата кога станува збор за резултатите поврзани со ефикасноста и пониското ниво на заштита во споредба со другите кандидати за вакцини.

Слични содржини