АП: Русија имаше средства, мотив и можност да ја уништи украинската брана

од Nikola Popovski
212 прегледи

Русија имаше средства, мотив и можност да ја сруши украинската брана Нова Каховка додека беше под нејзина контрола, предизвикувајќи масовно уништување низводно, покажуваат ексклузивните фотографии и информации од беспилотни летала до кои дојде Асошиејтед прес (АП).

Двајца украински функционери изјавиле дека руските војници се стационирани во клучна област во внатрешноста на браната за која Украинците велат дека е епицентарот на експлозијата што ја уништи Нова Каховка.

Воздушните снимки објавени на АП покажуваат автомобил натоварен со експлозив на врвот на браната.

Не е јасно дали тој автомобил воопшто експлодирал, а експлозивот во него не би бил доволно силен за да ја урне браната. Сепак, украинските власти тврдат дека на фотографиите се гледа руската намера да постави експлозиви и дека Русите имале пристап до браната, контрола над неа, а со тоа и можност за тоа.

Уништувањето на браната доведе до катастрофални, повеќедневни поплави, со што беа загрозени посевите во светската житница, како и резервите на вода за пиење за илјадници луѓе, што доведе до еколошка катастрофа.

Украинските команданти велат дека тоа, исто така, прекинало некои од нивните планови да заземат руски позиции во најавената контраофанзива.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната, но различните руски тврдења, дека Нова Каховка била погодена со проектил или дека била урната со експлозив, не ја објаснуваат силната експлозија што ја забележале сеизмичките направи во регионот.

Според АП, Русија имала корист од огромните поплави што следеа по експлозијата, иако областите што ги окупираше во регионот Херсон, исто така, доживеаја поплави, со последици кои можеби беа поголеми од очекуваните.

Слични содржини