Предлогот на Левица за укинување на апанажите од законот за изманување на Законот за плата на избрани и именувани лица не помина во Собранието.
Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил објави дека само 16 пратеници гласале за укинување на апажата на јавни функционери.
-Недозволиво е во една од најсиромашните земји во Европа да се издржуваат функционери милионери, рече Борислав Крмов од Левица во образложението на предлог законот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери од говорница кажа:
– Собранието не е месна заедница која работи на доброволна основа, без надомест и образложението дека има функционери кои се милионери и на крајот на мандатот го користат законското право што им припаѓа по закон, било главниот проблем. Што ќе правиме со оние кои не се милионери г-не Борислав Крмов, како што не сте вие милионер и кога ќе го завршиш четиригодишниот мандат, ќе мора да останеш во милост и немилост, кажа Џафери.