Апасиев: Бивши команданти на УЧК ѝ се закануваат на градоначалничката, а МВР и Обвинителството мува не ги лази

од Nikola Popovski
255 прегледи

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев ги коментираше заканите по живот што ги добива градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска откако почна да обелоденува за наводен криминал со дивоградби со општина Чаир.

„Бивши команданти на УЧК и се закануваат по живот и фамилија на градоначалничка на главен град во земја-членка на НАТО, а полицијата и обвинителството мува не ги лази!? А пред некој месец, УАПСИЈА некој пијаница шо го пцуеше нивниот вмроиден градоначалник на Кавадарци!? Ова ли е тоа “влаадеење на правото” шо го викаат Мицика и Панче Тошковски?“, стои во објавата на Апасиев.

Реакцијата следува откако градоначалничката вчера објави дека заканите се од лице кое се потпишало како „Командант Ламши“.

– Нов ден, нов командант, нови закани – напиша Арсовска на Фејсбук, при што сподели и фотографии од коментари кои ги оставале граѓани најверојатно под нејзините објави.

„Стопирај ја муцката да не ти ја стопирам јас, што значи кога командувам, биди сигурна дека ниту Господ ниту Алах нема да те спасат…“, стои меѓу другото во заканата.

📷„Командант“ ѝ се заканува на Арсовска: „Стопирај ја муцката, Господ нема те спаси…“