Пратениците денес не го усвоија предлогот за зголемување на минималната плата, иако Македонија се гордее како „четвртата економија по раст во Европа“. Во објава на социјалните мрежи, пратеникот Димитар Апасиев предупреди дека, и покрај позитивните економски бројки, реалноста за граѓаните е далеку од ветеното.
„Гувернерот вчера јасно рече дека минималната плата не е наменета за да го преживеете месецот, туку само да служи како ориентир во економијата“, објави Апасиев.
Во меѓувреме, јавниот долг на државата се зголеми за 7 милијарди денари во споредба со лани, а каматите кои ќе мораме да ги платиме остануваат неизвесни. Сликата на терен е поинаква – во пресрет на изборите се гледаат активности како поставување бекатон плочки и крпење улици, но за вистинска економска поддршка и подобрување на животниот стандард – надежта останува далечна. Апасиев порача: „Подготвувајте се за пакети помош кои ќе пристигнат пред избори, додека реалните проблеми остануваат нерешени.“