Делегација на „Левица“, предводена од пратеникот и претседател на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев, положи свежо цвеќе на Мечкин Камен, заедно со членот на Президиумот м-р Александар Симонов и раководителката на Црвена младина, Милица Давчева.
Апасиев, пренесувајќи го партиското соопштение, порача дека и двата Илиндена се левичарски.
„Има ДВА ИЛИНДЕНА. И двата се левичарски и социјалистички!
Да ја слушаше народот десницата, сега ќе бевме дел од некоја Голема Б’лгарија. Ама знае народ, интуитивно осеќа“, напиша Апасиев.