Апасиев демантира дека купува имот во Неа Флогита и обвини дека Мицкоски и Заев се среќавале во Грција

од Nikola Popovski
664 прегледи

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев денеска демантираше објава на една Фејсбук страница во која пишуваше дека „купил вила во Грција“. Апасиев иронично одговори на постот на социјалните мрежи и обелодени дека премиерот Христијан Мицкоски се среќавал со екс-премиерот Зоран Заев во вила во Грција.

Во објавата на Фејсбук страница именувана „Прц“ стои дека наводно Апасиев „бил околу 20 пати во Грција, но не на шопинг“, туку, како што пишуваат „ да ја заокружи зделката за купување вила во Неа Флогита, Грција“.

Во минатото, додека беа опозиција, ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на објави во странски медиуми, тврдеше дека блиски луѓе на Заев се сопственици на луксузна вила на Халкидики во Грција. Од партијата тогаш бараа одговор дали екс-премиерот е сопственик на вилата.

Слични содржини