Апасиев до Муцунски: Дали Македонија ќе има делегација на прославата за 80 години од победата над фашизмот?

од Марта Пешевска
306 прегледи

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, побара од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, да даде јасен одговор на прашањето дали Република Северна Македонија планира да испрати официјална делегација по повод 80-годишнината од победата над фашизмот, која ќе се одбележи во Москва. Апасиев ова прашање го упати во форма на писмено прашање до министерот, на кое сè уште чека одговор.

„Како народ кој ја стекна својата независност преку АСНОМ, што е потврда за нашата улога како победник во Втората светска војна, сметам дека е важно да се испрати државна делегација за одбележување на овој значаен јубилеј“, напиша Апасиев во објавата на социјалните мрежи.

Слични содржини