Апасиев до Стојаноски: Жал ме фаќа кога ве гледам како го браните неодбранливото

од Nikola Popovski
365 прегледи

На дневен ред на денешната собраниска седница се најде интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесена од пратеничката група на Левица. При излагањето по интерпелацијата на собраниската говорница, Апасиев му се обрати на спикерот дека „за првпат, без преседан, Собранието го направил центар на анти-секуларни активности“.

-Знаејќи го вмровскиот мајмунџилак, очекував сега во ваша одбрана и апологија, да речат дека можеби е дојдено времето, можеби во Собранието да имаме една соба за крштевки и сунети. Првата повреда е на членот 19 на Уставот, согласно кој верските заедници се одвоени од државата.

Второто е дипломатското правило, прекршувањето на обезбедувањето ВИП личности. За разлика од Џафери, што беше мајстор за скандали, вие го надминавте за 100 дена. Направивте рафали од скандали и станавте велемајстор! Спротивно, дури и на Виенска конвенција, Вјоса Османи одбила да го даде на проверка багажот, а вие сте го пратиле вашиот телохранител, кој отишол таму да спроведува шерифска или улична правда, рече меѓу другото Апасиев.

Пратеникот во реплицирање на неговиот колега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, му порача „жалче ме фаќа кога ве гледам како го браните неодбранливото“.

-Велите нема прекршоци во Собрание, каде беше исламската молитва – дома кај вас или кај Гаши или во Собрание? Спикерот е 24/7. Дигнитетот на Собранието се перпетуира цел ден. Самиот тој кажа дека е претседател 24/7.

Јас се сомневам дека сите сторители се казнети. Овие под окупација на рамковни кадри – врана на врана очи не вади. Тикви со расол дека е казнет…Не верувам дека е казнет. Се уште има шерифи кои репетираат, кажа Апасиев за инцидентот на Скопскиот аеродром со шефот на неговото обезбедување и случајот со косовската претседателка Вјоса Османи.

Слични содржини