Апасиев: ДПМНЕ нема историско право да го носи името ВМРО, тоа е бизнис партија

Немате историско право да го носите името ВМРО затоа што вашето Тодоралександровистичкото било отсекогаш пробугарско, порача Апасиев

од Nikola Popovski
179 прегледи

Собранието денеска преку скратена постапка го одби предлогот-законот на пратеничката група на опозициската Левица за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО и за забрана тоа да биде назив на име на партија.

Пред гласањето, лидерот на Левица Димитар Апасиев од собраниската говорница порача дека предлогот е генерациски чекан односно едно злосторничко здружение и бизнис партија, на која им е замрзнат имотот со години, се обидува патриотскиот менталитет на народот да го злоупотреби.

-За тие четири свети букви ВМРО да пропагира бизнис интерес на буржијска партија која е оттуѓена од реалноста. Патриотското крило живее во левото крило на организацијата, а тоа е олицетворено во асномските идеали или ако сакате тоа денеска е Левица. Левото крило отсекогаш било државотворно, за разлика од десното. Санданистите, Гоце Делчев и сите тие биле левичари. Вие немате никакво историско право да го носите името ВМРО затоа што вашето ВМРО – Тодоралександровистичкото било отсекогаш пробугарско, како и Ванчомихајловистичкото, и како такво е останато во народната меморија. Немате ниту морално ниту историско право да го користите, кажа Апасиев пред пратениците.

Според лидерот на Левица, сега е моментот да се пресече генерациската лага дека „ВМРО-ДПМНЕ е пропатриотска партија“.

Во својата изборна програма за ланските парламентарни избори, Левица вети законска заштита на името ВМРО и превенирање на негово користење од страна на која било политичка партија, фирма или невладина организација поради, како што се наведува во програмата, неговата емотивна злоупотреба во дневнополитички цели.