Апасиев: Другарите на Мицкоски ги избришаа македонски јазик и македонски идентитет од ЕУ извештајот

од Nikola Popovski
520 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со свој став по најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Предлог-извештајот за напредокот на  Македнија. Тој го впери прстот во сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Европскиот парламент.

„Другарите на Мицика, десничарите од Европскиот парламент, го избришаа терминот „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од ЕУ извештајот за Македонија! Каков шамар за конзервативната Влада на ДПМНЕ. Е до толку се почитувани нашите власторшци во Европа. Багро неспособна, се прокоцкавте само за да ви идат тендерите“, порача Апасиев.

Според бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев кој е дел од Европската народна партија, во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ.

За извештајот треба да се гласа во Европскиот парламент во Стразбур следната недела.