„Ова се најнерегуларните избори од историјата во Македонија. Пред историјата е масовен поткуп. Никој не го зборува тоа што со нашиот изборен законик, забранети се секакви вонредни исплати за време на предизборниот период, а такви кај нас имаше милиони. Техничката влада ја злопутреби вонредната состојба“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев за емисијата „Само интервју“.
Според него, искеширани се 10 милиони евра директно кај граѓаните и 100 милиони евра плус околу.
„Ова беше масакар, а не избори. Само луд човек можеше да организира избори во сред пандемија“, додава Апасиев.
Според неговите зборови, Левица за само 600 гласови немала пратеник од ИЕ4 и за 900 гласови не добила уште еден пратеник во ИЕ2.
„ДУИ и СДСМ се мајстори за крадење избори, особено ДУИ во последните два часа ги краде и така ни е украден еден пратеник во ИЕ2, таму се полнат кутии“, изјави Апасиев.