Апасиев го објави референдумското прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ согласно собраниските заклучоци“

од Nikola Popovski
228 прегледи

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев вечерва ја обелодени иницијативата за референдумското прашање кое што партијата ќе ја достави до Собранието.

-Синоќа на проширениот президиум на партијата го дефиниравме прашањето. За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме на Влада, за да не му даваме муниција на Талат Џафери да глуми уставен судија. Прашањето ќе биде „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, слично како за Преспанскиот дговор, со прифаќање на собраниските заклучоци со тој и тој архивски број од 16-ти јули 2022 година“. Со ова практично е невозможно да се одбие иницијативата и затоа одиме со оваа варијанта. Наративот е продолжување на духот на протестите против бугаризацијата, рече Апасиев во емисијата „Само интервју“.

Тој очекува граѓаните да излезат и да гласаат против.

-Ние ќе бараме задолжителен референдум согласно член 24. Ние не го напаѓаме Договорот со Бугарија и не директно францускиот предлог, бидејќи во тој случај Џафери ќе рече тоа не е во надлежност на Собранието и ќе биде во право. Со ова сакаме теретот на анти-ЕУ наративот, што нас ни го препишуваат, да падне на евентуалниот бојкот. СДСМ ако бојкотира, ќе излезе дека тие се анти-ЕУ, а не Левица, додаде Апасиев.

Слични содржини