Апасиев го пријави Џафери поради објавувањето на домашната адреса

од Nikola Popovski
147 прегледи

Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев поднесе барање за утврдување повреда на правото на заштита на лични податоци до Агенцијата за заштита на лични податоци.

Според објавата од Левица, пријавеното службено лице претседателот на Собранието, Талат Џафери се терети дека, на ден 12 октомври 2022, преку неговиот Кабинет, до група новинари и медиумски редакции испратил принт-скрин од потпишано известување по претходно поднесената граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум, каде што Апасиев, како физичко лице, фигурира како првопотпишан граѓанин, со правен статус на „овластен предлагач“.

-Како фото-прилог кон Известувањето, без никакво претходно одобрение или дозвола, тој ја проциркулирал и јавно ја објавил приватна домашна адреса на живеење на подносителот, од неговата лична карта, кој импринт потоа – без никаква анонимизација или затемнување – беше објавен во етерот од скоро сите пишани и електронски медиуми во државава (радија, телевизии, веб-портали, весници и др.), велат од Левица.

Според нив, со ова Џафери сторил намерна повреда и злоупотреба на законски заштитените лични податоци на подносителот, со што ја загрозил неговата безбедност, како и безбедноста на неговото семејство.

Апасиев го повтори ставот дека доколку Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.

Левица на 7 октомври до Собранието поднесе иницијатива за покренување задолжителен и дополнителен референдум на државно ниво на референдумско прашање „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?”.

Слични содржини