4,2K
Сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев – Тамара Јованов која е професор на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип преку Фејсбук им порача на овие кои лошо зборат за партијата дека „уште не знаат со кого си имате работа“.
„На сите што во устата ви е Левица, воглавно за лошо, едно само имам да ви кажам: уште не знаете со кого си имате работа! Ама ќе дознаете. Ич не ви се секирам.“, стои во објавата на Јованов.
Претходно во низа статуси и самиот Апасиев со нервозен тон.
Прво ја обвини власта дека упаднала во дом на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, иако тоа беше демантирано, за на крај да тврди дека Кастриот Реџепи од Беса е киднапиран.
Како и неговата сопруга и тој порача: „Не знаете што ве чека“