Апасиев и свиреше на Фон дер Лејен во лице па го напушти Собранието

од Vladimir Zorba
551 прегледи

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев свиреше со свирче додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, се обраќаше во македонското Собрание.

Апасиев извади и свирче, со кое свиреше додека Фон дер Лаен зборуваше со што сакаше да го искаже револтот кон францускиот предлог за кревање на ветото за старт на преговорите со ЕУ.

По неговиот перформанс, кој вклучуваше и оставање транспарент на кој пишува „„Македонија вели НЕ“ пред претседателката на ЕК, тој со својот придружник Борис Крмов го напуштија Собранието.

Слични содржини