Денес пратеникот и претседател на Левица,Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за претседателските избори 2024 година до ДИК.
Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Од Левица велат дека поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.
-Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата, стои во партиското соопштение.
Професорката пред 10 години се обиде да се кандидира за претседател на државата, но не успеа да ги собере потребните потписи како независен кандидат.