Лидерот на Левица, Димитар Апасиев информира дека поднесена е Претставка за групна политичка дискриминација до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со посебно барање за нејзино вмешување во спорот како „Пријател на судот“.
-Со ова ги исцрпуваме сите домашни правни средства, инструменти и лекови кои ни стојат на располагање согласно домашното позитивно право, по што нашиот правен тим ќе премине кон подготовка на кривичните пријави против членовите на Советот на АВМУ (поименично) + спремање на вештачење за финансиска оштета (солидарна одговорност) + апликација пред Европскиот суд за човекови права (Стразбур).
Инаку, одговор нема од никаде, иако постапките што ги иницираме се итни!? Институциите на режимот чекаат изборите да завршат, па да се прогласат за “ненадлежни”, истакнува Апасиев.
Партијата од пред почетокот на изборната кампања соопшти дека се цензурирани од властите преку медиумите – од телевизии, радија, весници, интернет портали…