Првиот човек на партијата „Левица“, Димитрар Апасиев на својот Фејсбук профил реагираше на поддршката која лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја даде за Израел во конфликтот со Хамас во појасот Газа.
„Дај бе некој нека му каже на Мицко дека ХАМАС за Палестинците, е она што е ВМРО за Македонците! p.s. И плус, нека го поучи дека и Арапите се Семити“, сподели Апасиев.
„Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас. Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население“, напиша претходно Мицкоски.