„Апел до граѓаните да заокружат 5 и да дадат што поголем број пратеници на Левица со цел да дадат поголема шанса на млади, неподмитливи луѓе во Собранието“, изјавил претседателот на Левица, Димитар Апасиев, синоќа од митингот во Штип.
„Целта на Левица на овие избори е да го кутне СДСМ под 20 и конечно да ја пасокизираме. Тоа се прогнозите, тоа се реалните очекувања и оваа теренска кампања тоа го покажува“, додал Апасиев.
Она што се случи на претседателските избори, за Левица е очекуван резултат, како што велат, со оглед на тоа дека со претседателски кандидат учествуваат за првпат.
„На Парламентарните очекуваме солиден резултат со којшто ќе овозможиме моќта на уценување од албанските необалистички партии да премине, конечно, во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот наспроти сите антимакедонски сили коишто сакаат да внесуваат Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни парламенти, да менуваат Устав со кој ќе се бришат 20% и ќе влегува друг официјален јазик… Против сето тоа единствен бранител ќе биде Левица“, истакнал Апасиев.
Левица пред штипјани ја претстави и својата програма.
„Само ние имаме програма со централно планирање, затоа што ние имаме Централна планска агенција, којашто треба да ја развие државата рамномерно, тоа што никој друг го нема. Со силни државни капацитети планираме сите дистрибутивни мрежи да ги национализираме. Јас зборувам за електродистрибутивната мрежа, за нафтената мрежа, зборувам за интернетот итн. Целта е и обичниот човек да види бенефи“, рекол носителот на ИЕ3 и пратеник, Борислав Крмов.