77
Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев најавува дека наскоро од страна на пратеничката група ќе бидат предложени законски измени со кои ќе се бара воведување на ограничен судиски мандат по примерот на уставните судии и воведување на кривична одговорност за судиите кои нема да ги применат или ќе ги злоупотребат законите.
– Она што ни треба како општество е воведување ограничен судиски мандат (од девет години, по примерот на уставните судии) плус, враќање на југословенскиот модел за кривична одговорност на судиите во случаи на непримена, изигрување или злоупотреба на законите. И да знаете дека ова ќе биде предложено од нашата пратеничка група во блиска иднина, напиша Апасиев на Фејсбук.