Апасиев од Благоевград: Нема тензии, ова е историски настан

од Nikola Popovski
233 прегледи

Претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев денеска присуствуваше на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Тој од таму во изјава за медиуми истакна дека даваат целосно поддршка на ваквите клубови и очекува подобрување на односите со Бугарија, затоа што, како што вели, во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата.

-Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија, рече Апасиев.

Слични содржини