Ако треба да опишам со еден збор како помина вториот круг, тоа е ВМРО стагнира, Левица дуплира, изјави вечерва лидерот на Левица, Димитар Апасиев на завршната прес-конференција на партијата по локалните избори.
Апасиев истакна дека Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил само 3% повеќе гласови во споредба со првиот круг, а Амар Мециновиќ освоил над 30 илјади гласови во споредба со пред две недели.
-Ова само покажува дека опозициските тенденции веќе се престројуваат позади Левица. Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека од вечерва сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром, кажа Апасиев, додавајќи дека ВЛЕН „ги зафркна ВМРО-ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови“.
Апасиев потенцира дека 66% од неопределените не излегле на гласање и тоа е, како што вели, многу неинтелигентно решение со ваков изборен модел.
-До гласачите на СДСМ – ве пуштија низ вода. Ги предадоа Струмица и Карпош, предадени сте од корумпираното раководство. Престројте сте позади нашиот бајрак за да ги победиме ДПМНЕ на следните парламентарни избори, порача лидерот на Левица.