Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашната дебата на телевизија Канал 5 изјави дека по изборите партијата доколку влезе во парламентот првиот услов за коалиција за формирање на владата ќе биде поништување на Преспанскиот договор.
-Прво нешто кога ќе влеземе во парламентот, првиот услов за коалиција со нас ќе биде отпочнување на процедура за поништнување на Преспанскиот договор, вели Апасиев.
Во однос на изборниот законик, Апасиев вели дека нерамноправноста е огромна помеѓу двете најголеми партии и големите. Односно 90 отсто од државните пари за финансирање на кампањата ги добиваат овие 2 партии, а останатие 10 отсто ги добиваат помалите партии.
-Не ни е стилот да кукаме, условите за малите партии се сурови. Тука се гледа лицемерието на Европската Унија. Изборниот законик да го промените на последната седница пред расшуштање на Собранието е неприфатливо. Барем 1 година пред избори не смее да има промени во Изборниот законик. Ние во партијата допрва го учиме законикот. Грујо да беше ќе имаше пиштење вриштење од меѓународната заедница, но на Заев се му е простено. Нерапмноправноста е во тоа што 90 отсто од колачот е резервиран за големите партии, а останатите 10 за малите. Сите законски измени се за фаворизирање на големите, но не кукаме, сепак ќе излеземе на изборите и потоа од парламентот ќе бараме измени, вели Апасиев.
Тој додава дека Левица сами ќе излезат на изборите, и според него, треба да се забранат предизборни коалици од причина што не се знае моќта на партиите.