Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека поднел барање за утврдување одговорност за судија. Според него, судијата направил голема грешка и доаѓа од редовите на Основниот граѓански суд Скопје.
„За прв пат во мојот професионален живот и универзитетска кариера како професор по право, до републичкиот Судски совет, поднесов Барање за поведување постапка за утврдување одговорност за судија.
Станува збор за судијата од Основниот граѓански суд Скопје – г. СЛОБОДАН ХАЏИ ХРИСТОВСКИ за сторена „крупна професионална грешка“, односно неследење и неспроведување на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (Стразбур), која е задолжителна за домашните судови – согласно чл. 18, ст. 5-6 од Законот за судовите (2006).
Имено, дотичниов судија-поединец, не ги применил задолжителните ставови од дури 52 (со букви: педесет и две) цитирани конечни и извршни пресуди на ЕСЧП-Стразбур кои педантно му ги приложив, иако имал законска обврска непосредно да ги примени in concreto.
p.s. Живо ме интересира, какво правно волшепство ќе измислат нашите некредибилни правни магионичари од РСС, за да го „извадат“ нивниот колега од одговорност“. стои во објавата на Апасиев на социјалните мрежи.