Апасиев поднесе корегирано предлог референдумско прашање до Џафери

од Nikola Popovski
156 прегледи

Левица поднесе писмен поднесок за деловничко усогласување на првично поднесената предлог иницијатива за распишување задолжителен дополнителен референдум, во врска со францускиот предлог, информира лидерот и пратеник на партијата, Димитар Апасиев.

Тој со забелешка дека месец дена по поднесувањето на иницијативата, односно после 35 дена, поточно на 28 октомври, го добил конечно известувањето од спикерот, иако, вели, во редовна процедура тоа би требало да трае пет дена, и оти се повикал на несоодветни деловнички одредби.

-Ме третира како пратеник и ми се обраќа по членовите 135 и 136 како предлагач на закон, што во случајов не е така, затоа што јас сум во својство на физичко лице овластен предлагач како подносител на граѓански иницијативи. Во таков случај релевантни се сосема други членови од Деловникот, а тоа се членовите 191 и 192. Заборава да го цитира најбитниот член, а тоа е членот 24 којшто нас како граѓани ни дава право да предизвикуваме одлуки кои се донесени од страна на Собранието. Во Законот за други прашања за кои одлучувало Собранието Џафери вели дека тие други прашања не можат да бидат заклучоци. И тоа како можат да бидат заклучоци затоа што токму под терминот други прашања влегуваат и заклучоците, појаснува Апасиев.

Тој повтори дека Џафери не е надлежен самиот да носи заклучок, туку мора да прибави претходно мислење од две работни тела. Апасиев во дописот му кажува дека Џафери не е надлежен, бидејќи заклучокот го носи пленумот а не спикерот.

Слични содржини