Апасиев: Премиерот енергетичар ја остави пола Македонија без струја

од Nikola Popovski
942 прегледи

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев го прокоментира фактот што  поголем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија. Тој на шеговит и саркастичен начин го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски.

„Премиерот енергетичар ноќеска ја остави пола Македонија без струја! Ами да не беше енергетичар, цела ќе беше без струја. Така може да гледаме на работите“, објави Апасиев.

Од ЕВН информираа дека станува збор за голем дефект. Струја немаше во Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово…

Според АД МЕПСО, причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици. Додаваат дека се работи за регионален и европски проблем.

„Од моментот на прекинот на електричната енергија, екипите на АД Мепсо реагираа брзо и во рок од околу еден час од прекинот, снабдувањето со електрична енергија во земјата беше нормализирано. Екипите на АД Мепсо продолжуваат да работат на целосна нормализација на стабилноста на електроенергетскиот систем“, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава дека МЕПСО продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и да се координира со преносните системи во регионот за да се обезбеди стабилност.

Слични содржини