Апасиев реизбран за претседател на Левица

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Вчера партијата Левица го одржа Вториот редовен Пленум на партијата, соопштија од партијата.

Делегатите на Пленумот ги усвоија Статутарните одлуки, а на оваа сесија на Централниот комитет беше реизбран досегашниот состав на Президиумот.

Президиумот на Левица, едногласно го реизбра проф. д-р Димитар Апасиев, за старо-нов претседател на партијата, кој ја назначи Јована Мојсоска за Генерален секретар на Левица, се додава во соопштението.

Слични содржини