Апасиев се појави со маица со натпис „Ќе висите заедно”, тројца веќе има на список

од Vladimir Zorba
577 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на вчерашната собраниска седница, каде се дискутираше за предлог-измените на Законот за работни односи, се појави со маица со натпис „Ќе висите заедно.”

Во своето собраниско обраќање, Апасиев порача дека со овие законски измени предлагачите се обидуваат „да воведат нормално ропство под европско знаменце, со афрички стандарди“.

„Вие со ова упорно сакате да нѐ направите колонија на американскиот империјализам, фаворизирајќи еден конзорциум којшто ќе ги исцица државните ресурси, но ќе ја исцица и ПОТТА на работниците. Имено, во самата Европска унија, со Директивата број 88/2003 се вели „просечно работно време за секој седумдневен период, вклучувајќи го и прекувременото работење, не смее да надминува 48 часа неделно”. Вие се обидувате да воведете 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето кои ќе работат, ќе бидат физички исцедени и тие ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат“, порача Апасиев.

Апасиев направи и „список за бесење“, односно како одговорни за целиот проект ги наведе министерот Бочварски, заменик-министерот Хусејини и првиот човек на Собранието Џафери.

Слични содржини