Апасиев со порака до „негласачите“: „100 партијаши одлучуваат кој ќе биде на власт“

Апасиев: „Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто“

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Фејсбук

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалните мрежи се обрати на, како што вели, „апатичните надпартиски негласачи“, објаснувајќи на едноставен начин како функционира македонскиот изборен систем без цензус и според Донтова формула.

„Имаш 1.000 гласачи. 900 од нив, со менталитет ‘ние не сме партија’, не излегуваат на гласање! Останатите 100 партијаши гласаат и одлучуваат кој ќе биде власт. Ете, така. Толку е просто”, напиша Апасиев.

Лидерот и пратеник на Левица додава: „После ова, пак не гласај! Ама немој ни да плачеш, о ти превозвишен ‘граѓанецу’, коа вмрааната ќе ти го крои животот у твојата општина“.

Слични содржини