Апасиев стана татко по втор пат – ќерката ќе се вика Сара!

од Љубиша Владимиров
51 прегледи

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, синоќа ја сподели радосната вест на социјалните мрежи – тој и неговата сопруга добија ќерка, која ќе го носи името Сара.

„Се роди Сара. Ви благодарам на сите. Па и на вашите глави!“, напиша Апасиев во свој стил, објавувајќи фотографија со својата сопруга.

Апасиев е во брак со Тамара Јованов, професорка на Економскиот факултет во Штип. Парот веќе го има и синот Исак.

Семејството е исполнето со среќа по доаѓањето на новиот член, а честитките од следбениците и пријателите на социјалните мрежи не престануваат да пристигнуваат.

Слични содржини