Апасиев: „Ставете клуч на врата – нема ни тонер во Собранието, сè отишло за лигњи во Влада“

од Љубиша Владимиров
100 прегледи

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска преку објава на Фејсбук ја искажа својата фрустрација поради, како што наведува, „срамната ситуација“ во Собранието каде, според него, нема дури ни тонер за принтер.

„Ставете клуч на врата, да не глумиме „институција“ – Тонер нема за принтерот во Собрание, ваљда се е за лигњите у Влада потрошено“, напиша Апасиев, алудирајќи на неодамнешни трошоци на извршната власт.

Овој коментар го отвори прашањето за нефункционалноста и неприоритетното трошење на буџетските средства во институциите.

Според Левица, ваквите појави се слика за распаднатиот систем и јасен сигнал за потребата од суштински промени, не само во раководењето, туку и во секојдневното функционирање на државните органи.

Слични содржини