Апасиев тврди дека Ристески му се заканувал и го фатил за врат поради објавени патни трошоци – Следен пат ако ми пцуе бремена жена ќе добие нога во глава

од Љубиша Владимиров
539 прегледи

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, изјави за „Фокус“ дека неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката, му се заканувал и го нападнал во Собранието, поради тоа што Левица јавно ги објавила неговите патни трошоци.

„Секогаш кога ќе ме види, ми пцуе жена и дете. Овој пат дури и ме фати за врат и ми се закани со тепање“, рече Апасиев, додавајќи дека реагирале институционално, но не добиле никаква заштита од Собранието.

Повод за конфликтот, според него, бил податокот дека Ристески инкасирал најмногу за патни трошоци – околу 14.300 евра.

Апасиев вели дека насилството е кулминација на притисоци што пратеничката група на Левица ги трпи со месеци и најави дека отсега ќе се штитат сами, бидејќи институциите затаиле.

Слични содржини