ФИЛИБАСТЕРИНГ се прави без печати!“(Прва јакобинска заповед). Утре следуваат тужбите до Управен суд. Али, со печат, реагира претседателот на Левица, Димитар Апасиев откако ДИК ги отфрли сите преговори на неговата партија за изборни нерегуларности.
Идниот пратеник додаде кон постот и #ПаВеНасанкавмеКурињаааа.
За 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од Левица, членовите на Комисијата утврдија дека тие немале потпис од овластениот претставник и немаат печат од подносителот на листата, додека за другите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори.
Партиите имаат право за овие одлуки на ДИК да се жалат до Управниот суд.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека овие две години, Комисијата покажала дека работи врз основа на почитување на законите и дека тоа нема да се промени во ниту еден случај, па ниту во овој случај.
-Ние како ДИК пред нас имаме Изборен законик, имаме Упатство за решавање по приговори. Како ДИК извршивме проверка на целокупниот изборен материја, записници 16 и 21 од сите општински изборни комисии. Во ниеден записник немаше ставено забелешки по причините кои се наведени во приговорите. Одговорно тврдам дека ДИК си ја заврши работа како што треба согласно Уставот и законите. Истовремено ги поздравувам сите кои на Фејсбук и на останатите социјални мрежи мислат спротивно од мене дека можат да продолжат да мислат така, меѓутоа јас одговорно ви кажувам дека нема ниту еден единствен пат да работам спротивно на законите на оваа држава, рече Деркоски.
Вољата на граѓаните, според него, е искажана на изборниот ден, и секој си има право да гласа по сопствено убедување.