Апасиев за Џафери: Тој е нашиот Че Гевара, единствен во историјата кој од герила влегол во влада

од Nikola Popovski
245 прегледи

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во своето прво излегување пред собраниската говорница изјави дека Талат Џафери е нашиот Че Гевара , бидејќи од герила дирекно влегол во власта.

„Во левичарските кругови велат сум личел на Че Гевара, но единствен пат во историја од герила директно во Влада му се случило само на Талат Џафери, за што само може да му се честита“, рече Апасиев.

Тој додаде дека неговата партија нема да гласа за реизбор на претседателот на Собранието и му замери и што на оваа седница не презборел на македонски, кон почит на македонскиот народ.

Апасиев се осврна и на министерот за надворешни работи во заминување, Никола Димитров.

„Кога ќе го видам првопотпишаниот, за изборот на Џафери, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно“, изјави рече Апасиев.