Апасиев за отчетот: Македонија е единствена држава во вселената со еден Парламент, а две влади

од Nikola Popovski
173 прегледи

Ние сме единствената држава во вселената која има еден Парламент, а две влади. Дури и отчетот го дадоа различно – ВЛЕН го даде пред два дена, а Мицкоски денеска. Таму имате племенски поглавари. Ништо поразлично и ништо ново, вели лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев за отчетот од сработеното на Владата за 100-те дена.

Поради тоа, како што додава, Левица заговара формирање македонска национална платформа.

-Поради тоа, не нарекуваа „џанаци“. Тука се гледа кусогледоста на Мицкоски како политичар. Јас од таков калибар на политичар не очекувам дека нешто драстично ќе се промени. Иако народот се уште има надеж и им дава шанса, рече лидерот на Левица во емисијата „Аргумент плус“.

Апасиев очекува понатаму дека ќе се намалува поддршката за владината коалиција и ВМРО-ДПМНЕ и смета дека 58-те пратеници „можат да ги сонуваат“.

Според Апасиев, Левица ќе има градоначалници од нивните редови на следните локални избори, особено во урбаните центри.

Слични содржини