Левица се огласи и преку соопштение, каде пишува дека ова гласање покажало дека старите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се повторно заедно.
„ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на 2/3 мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалициски партнер ДУИ.
Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење кое што се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на ‘Европскиот фронт’.
И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата.
Старите партнери повторно ја обелоденија широката коалиција, каде за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект и уште на втората седница прогура шверцерат на системски закон“, велат од Левица.