Апасиев за приватните превозници: Не разбирам зошто да блокираш цел град за приватен долг?

од Nikola Popovski
170 прегледи

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев не ги одобрува блокадите во Скопје од страна на приватните превозници поради приватен долг.

-Јас разбирам БЛОКАДА на главен град заради јавен интерес или политички барања. Но, да блокираш цел град заради приватен долг (облигационен однос) – е тоа не го контам баш!?, објави Апасиев.

Апасиев бара МВР да им напише казни на приватниците.

-И сега МВР – Сообраќајна полиција… Како што знаевте летоска да им пишете казни на нашите активисти кои блокираа со автомобили заради Францускиот предлог, постапете исто и кон приватњаците-ГАЗДИ на најружните и најпрљавите автобуси во свет, кои се паркирани на булеварите низ Скопје, додаде претседателот на Левица.

Слични содржини