Македонските граѓани, лани, по коцкарници оставиле пола МИЛИЈАРДА евра!? Колку за споредба, Буџетот на РМ е 4 милијарди. Можете да замислите колку пари се тоа и колку фамилии се распаднати заради комар, пишува лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со дополнување #ПрохибицијаНаКоцкарниците.
Македонските граѓани, лани, по коцкарници оставиле пола МИЛИЈАРДА евра!? Колку за споредба, Буџетот на РМ е 4 милијарди. Можете да замислите колку пари се тоа и колку фамилии се распаднати заради комар. 😭#ПрохибицијаНаКоцкарниците
— Апасиев (@apasiev) September 1, 2022
Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор.
Податоците велат дека компанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“, односно која лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност кои се анализирани, направена лани.
Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата.