Зошто вмровскиот кадровик во ДИК – Александар Даштевски сака да ја оштети Левица за преку 100.000 ЕУР во очи на локалните избори?, прашува лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев.
Според него, со измените на Изборниот законик само 7% од парите за платено политичко рекламирање одат кај „парламентарните политички партии во Собранието на РМ кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група“ (останатите 90% одат кај СДС+ДУИ и ДПМНЕ+ААА).
-Бидејќи вкупниот буџет за ТВ рекламирање оваа година е околу 3.600.000 ЕУР, тоа значи дека 7% се некаде околу 260.000 ЕУР.
Е сега, битно е кој ќе ги дели овие пари?
Според законот, треба да ги делат само Левица и ДПА – оти само они го исполнуваат овој законски услов (да учествувале самостојно на избори и да освоиле помалку од 5 пратеника).
Арно ама, Даштевски и крими-компанијата од ДИК, перфидно сакаат тука да додадат уште шест субјекти кои не го исполнуваат законскиот услов и кои веќе се во коалиција со СДСМ или ВМРО – така што, наместо на 2 оваа сума би се делала на 8!? Со тоа, Левица ќе биде оштетена за преку 100.000 ЕУР кои законски и следуваат!
А некои овие парички ќе мора да ги надокнади – преку тужбичка за оштета, а ќе си попие и кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, стои во објавата на Апасиев.