Апел од „Лајм“: Без режирања и провокации. Куманово не смее да биде експеримент за прикривање на срамот!

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Ви го пренесуваме апелот кој го објави весникот „Лајм“:

kumanovo-pucnjava-rusevine-nemiri-ovk-teroristi-foto-rojter-1431343965-657947

Доколку некој се срами од договорот за преодна влада што треба да се потпише следната недела, не смее да повторно прави експерименти во Куманово со цел дефокусирање на јавноста. Ниеден политички резил не може да се покрие со плач на невините, ниеден пораз не може да се камуфлира со лажни наслови и ниедни злосторство нема да биде заборавено преку сценарија кои капка по капка ја полнат чашата на трпение. Оние кои лекомислено сметаат дека доживотно ќе можат да играат со огин во двориштата на други луѓе, еден ден можат да бидат опфатени со збеснат огин од свои раце.

Кумановчани да бидат будни за да не станат повторно жртви на провокации и стапици, ниту пак на обиди за создавање психози. Истото подеднакво важи и за другите градови во Македонија. Чувајте ја присебноста, чувајте се еден-друг и не дозволувајте да станете жртви на сценарија во улога на глумци во настани скроени за отргнување на вниманието од краховите на импотентни политичари.

На кои им се обраќаме со порака: Да знаете дека и ние знаеме!

Редакција на весникот „Лајм“