На социјалните мрежи се појави апел за помош за чичко Енвер Идриз кој е сместен пред маркет во Ѓорче Петров.
„Ова е чичко Енвер Идриз. Си ставил и друго име, Борче Каранфиловски, за да ги избегнува предрасудите и “полесно” да поминува, како што кажува самиот. Не му врши многу работа ни тоа.
Чичко Енвер е бездомник. Моментално е сместен пред Кипер маркет во Ѓорче Петров, пред амбулантата. Благодарност до вработените што не го бркаат.
Понудено му е, од страна на општински лица, сместување во прифатилиштата, но не сака да оди, често бил тепан во обид да му се одземе “сиротињата” (паричките што ќе му ги дадат пар луѓе). Не проси, само мирно седи, ако му дадеш нешто е преблагодарен. Ако не, не замара. Знам дека е криза и најлошо време. Но, него му е цел живот криза. Сѐ што сакам е да му најдеме едно дуќанче, собче, катче, барем да презими. И да се најде начин за отстранување на килата. Студовите почнаа, ќе станува полошо“, пишува во објавата.