435
Скопјанката Зорица Ѓорчевска објави на социјалната мрежа Фејсбук дека нејзината ќерка Вања исчезнала одејќи накај училиште.
Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.
Последен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон основното училишта „Песталоци“.
Ѓорчевска упати апел секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.