Апелациониот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на Јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“
Со цитираната пресуда на Апелациониот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело – Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.
Детали од новиот поморски инцидент меѓу Русија и Турција: Турски трговски брод ќе удрел во руска флотила со воена придружба
Со одлуката на Апелационот суд Скопје, жалбата на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда, со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело -Тероризам од член 394-б став 1 од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована.
Интегрален текст
