Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на ден 06.03.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот Валмир Етеми. Решението на Основниот кривичен суд, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема обвинетиот со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра или во денарска противвредност од 38.016.040,50 денари.
Истовременокон обвинетиот Етеми се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од ЗКП.
-Вака донесената одлука со образложени причини за истата, објавена е во целост на веб страната на судот согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, појаснуваат од Апелација.
Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше во бегство, беше екстрадиран, но сега е пуштен од притвор откако Скопскиот Апелационен суд ја прифати неговата жалба.
Eтеми се сомничи дека е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско – струшкиот регион.
Албанските медиуми на крајот на јануари лани објавија дека 32 годишниот од Струга кого Македонија го барала преку Интерпол бил приведен на аеродормот Ринас во Тирана пред да фати лет за Базел Швајцарија.
По ова следувала и екстрадиција и обвинение и судење, а тој бил во притвор од мај. Во петокот попладне второстпениот суд му го укинал притворот.