Апелација ја отфрли жалбата на СЈО на одлуката за домашен притвор за Горан Грујевски

од desk3
176 прегледи

 

Апелацискиот суд денеска донесе одлука со која како недозволена се отфрла жалбата на СЈО за домашниот притвор на првиот човек на петтата управа Горан Грујевски.

grujoski

Претходно судија од претходна постапка на Гујевски му одреди притвор од 30 дена, но по жалба на адвокатите Кривичниот совет одлуката ја преиначи на куќен притовр. Потоа СЈО за ваква одлука се жалеше пред апелацискиот суд.
Кривичниот суд соопшти дека ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, уште двајца началници од УБК и еден архивар во среда треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи дали ќе им го одземе пасошот и дали ќе им бидат определени и други мерки на претпазливост.