Апелација: Одложена јавната седница за „Меѓународен сојуз“

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Бојан Јовановски се уште е во лоша здравствена состојба и во болница. Ова е причината поради која е одложена јавната седница пред Апелација за случајот „Меѓународен сојуз“.

Следната јавна седница се закажана за 05.06.2023 година.

„Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса“, стои во соопштението на Апелација.

Слични содржини